Примени жалби (2009-2017)

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 79 -та Седница одржана на ден 19.11.2019 година, постапувајќи во согласност со член 132 став 7 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

Врз основа на наведеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член, Ирена Шумкоски – член и Томо Томовски – член, едногласно одлучи започнувајќи од 24.11.2019 година во следните шест месеци, функцијата заменик – претседател да ја извршува членот Ирена Шумкоски.

Pages