С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, известува дека во наредниот период нема да биде во можност да постапува во пропишаните временски рокови по однос на жалбените предмети, со оглед на фактот дека истата работи во состав од 3 (три) члена, од кои двајца од членовите се позитивни на вирусот Ковид 19.

Воедно, Државната комисија за жалби по јавни набавки, известува дека во согласност со своите надлежности ќе продолжи со својата работа по надминување на настанатата состојба.

Скопје, 25.03.2021 год.