С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,

Новиот Закон за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија број 24/2019) ќе започне да се применува од 1 април 2019 година.

Во однос на правната заштита, жалбите во постапките кои ќе бидат започнати од 1ви април 2019 година ќе се поднесуваат по електронски пат, согласно член 142 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 24/2019).

Постапките за јавни набавки започнати пред денот на започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016, бр.120/2016, бр.165/2017 и бр.83/2018).

Државната комисија за жалби по јавни набавки ја известува јавноста дека за жалбите поднесени во постапките кои започнале пред 1 април 2019 година, ќе важат одредбите од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016, бр.120/2016, бр.165/2017 и бр.83/2018).

Со почит,

Државна комисија за жалби по јавни набавки