С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,

Новиот Закон за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија број 24/2019) ќе започне да се применува од 1 април 2019 година.

Во однос на правната заштита, жалбите во постапките кои ќе бидат започнати од 1ви април 2019 година ќе се поднесуваат по електронски пат, согласно член 142 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 24/2019).

Постапките за јавни набавки започнати пред денот на започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016, бр.120/2016, бр.165/2017 и бр.83/2018).

Државната комисија за жалби по јавни набавки ја известува јавноста дека за жалбите поднесени во постапките кои започнале пред 1 април 2019 година, ќе важат одредбите од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016, бр.120/2016, бр.165/2017 и бр.83/2018).

Со почит,

Државна комисија за жалби по јавни набавки

С О О П Ш Т Е Н И Е

Собранието на Република Македонија со Одлука бр.08-6028/1 од 18.10.2018 година (Службен весник на Република Македонија бр.191/2018), со мандат кој почува да тече од 22 ноември 2018 година, за претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки ги именува:

       а) за претседател

      - Кирил Каранфилов, дипломиран правник од Скопје,

       б) за членови:

       -Ирена Шумкоски, дипломиран правник од Скопје,

       - Билјана Иванов дипломиран правник од Скопје и

       - Елита Шуки дипломиран правник од Скопје.

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 1-та конститутивна седница во состав Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член, Ирена Шумкоски – член и Томо Томовски – член, одржана на ден 23.11.2018 година, согласно член 202 став 6 од Законот за јавните набавки и член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, донесе одлука во следните шест месеци функцијата заменик – претседател да ја извршува Билјана Иванов - член.

С О О П Ш Т Е Н И Е

ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ ГИ ИЗВЕСТУВА СИТЕ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ, ДОГОВОРНИ ОРГАНИ И ОСТАНАТИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНКИ ДЕКА ПРИЕМ НА ПИСМЕНА ВО АРХИВАТА, ЗАПОЧНУВАЈЌИ ОД 01.09.2017 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 08:30 ЧАСОТ ДО 15:00 ЧАСОТ.

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат сите економски оператори и договорни органи дека во согласност со член 224 став 11 од Законот за јавните набавки должни се до Државната комисија за жалби по јавни набавки, при доставување на жалбата, односно при доставување на одговор на жалба да достават и електронска адреса на која ќе може да им биде доставена донесената одлука од страна на Државната комисија.

Pages