Почитувани посетители, Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Искрено се надеваме дека овде ќе ги пронајдете сите информации за спознавање на системот за правна заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство во Република Северна Македонија.

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Северна Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Северна Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице кое работењето и одлучувањето ги има уредено со Деловник. Државната комисија е составена од претседател и четири членови - именувани од Собранието на Република Северна Македонија кои функцијата ја извршуваат професионално за период од пет години. Државната комисија има и стручна служба во која вработените имаат статус на административен државен службеник.

Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.

Вашите коментари и предлози можeтe да ги праќате по е-пошта на адреса: dkzjn@gs.gov.mk

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Делегација на Државната комисија за жалби по јавни набавки, предводена од Претседателот на Комисијата учествуваше на состанокот на мрежата на телата за  решавање по жалби за јавни набавки во прв степен, во организација на СИГМА, ОЕЦД, Европска комисија-Генерален директорат за внатрешен пазар,индустрија,претприемништво и мали и средни бизниси (единствен пазар за јавната администрација) и Национална комисија за контрола на процедурите за јавни набавки кој се одржа на 1 и 2 октомври 2019 година во Блед, Република Словенија.

На состанокот се оствари дискусија по однос на праксата во постапувањето по жалбите за јавните набавки, основите за исклучување на економските оператори, презентација на националните системи за правна заштита, студии на случај од Европскиот суд за правдата и тековни случаи кои се однесуваат на јавните набавки и правната заштита и др.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 27 -та Седница одржана на ден 23.05.2019 година, постапувајќи во согласност со член 132 став 7 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

Врз основа на наведеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член, Ирена Шумкоски – член и Томо Томовски – член, едногласно одлучи започнувајќи од 23.05.2019 година во следните шест месеци, функцијата заменик – претседател да ја извршува членот Елита Шуки.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,

Новиот Закон за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија број 24/2019) ќе започне да се применува од 1 април 2019 година.

Во однос на правната заштита, жалбите во постапките кои ќе бидат започнати од 1ви април 2019 година ќе се поднесуваат по електронски пат, согласно член 142 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 24/2019).

Постапките за јавни набавки започнати пред денот на започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016, бр.120/2016, бр.165/2017 и бр.83/2018).

Државната комисија за жалби по јавни набавки ја известува јавноста дека за жалбите поднесени во постапките кои започнале пред 1 април 2019 година, ќе важат одредбите од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016, бр.120/2016, бр.165/2017 и бр.83/2018).

Со почит,

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Pages