Архива

Округла маса за нерегуларностите во постапките за јавните набавки и заштитата на правата (7 и 8 Септември 2016 година, Белград)  

На 7 и 8 Септември 2016 година, претставници на Државната комисија за жалби по јавни набавки учествуваа на Округла маса за нерегуларностите во постапките за јавните набавки и заштитата на правата во оваа област и на Работилницата со претставници на здружението на професионалци во јавните набавки.

С О О П Ш Т Е Н И Е  

Почитувани,

Државната комисија за жалби по јавни набавки Ве известува дека во изминатиот период почнувајќи од 05.11.2013 до 21.11.2013 година, од објективни причини не беше во можност да одлучува по изјавените жалби, односно не можеше да одлучува по доставените предмети заради тоа што беше истечен мандатот на Претседателот и на тројца членови на Комисијата.

 

Програма за волонтирање во Државната комисија  



Програмата можете да ја погледнете ТУКА

Годишен извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година  



Извештајот можете да го погледнете Т У К А

С О О П Ш Т Е Н И Е  

 

Во врска со постапката за добивање на печат со „клаузула за извршност“ на решенијата донесени од Државната комисија за жалби по јавни набавки, се известуваат сите заинтересирани економски оператори дека Државната комисија изготви терк на барањето и изјавата кои се потребни за добивање на бараната клаузула.

 

Информирање за постапка ставање печат со клаузула за извршност

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ ВО 2011 ГОДИНА  
С О О П Ш Т Е Н И Е  

Државната комисија за жалби по јавни набавки ги известува сите економски оператори, договорни органи и останати заинтересирани странки дека почнувајки од 20.07.2012 работното време на комисијата ќе биде од 08:30 часот до 16:30 часот.

 

Поддршка за зајакнување на капацитетите на ДКЖЈН  

Државната комисија за жалби по јавни набавки беше корисник на Проектот за Зајакнување на капацитетот на Државната комисија за жалби по јавни набавки од IPA 2008 Програмата и истиот започна со реализација на 21.06.2011 година. За да се исполнат целите и задачите од Проектот, беше именуван и експерт кој ќе ги реализира сите предвидени активности од конкретниот Проект во текот на 2011 година. Со Проектот за Зајакнување на капацитетот на Државната комисија за жалби по јавни набавки од IPA 2008 Програмата беа планирани и определени мерки за зајакнување на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Низа на активности кои беа предвидени се реализираа во текот на 2011 година. Активностите не беа насочени само кон зајакнување на капацитетите на Државната комисија, туку и на зајакнување на самиот Систем за јавните набавки во нашата земја.

И З В Е С Т У В А Њ Е   

Скопје, 19 април 2012

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки ја заврши постапката за изготвување на печат на извршност на своите одлуки во однос на трошоците на жалбената постапка. Секој заинтересиран економски оператор кој успеал во жалбената постапка и на кој му се доделени трошоците на жалбената постапка, а истите не му се надоместени од договорниот орган во определениот рок, може да се обрати до Државната комисија за жалби по јавни набавки за добивање на печат на извршност. Клаузулата на извршност се однесува само на одлуката за трошоците наведени во одлуката на Државната комисија.

С О О П Ш Т Е Н И Е  

Скопје, 02 декември 2011

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки во периодот од 04 до 09 декември 2011 година е на студиска посета во Виена, Р.Австрија.

Syndicate content