Студиска посета на Загреб, Република Хрватска

Загреб, 29 октомври 2009

Во рамките на проектот„ Техничка помош за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за жалби по јавни набавки“, се реализира студиско патување на седум претставници од Државната комисија за жалби по јавни набавки, на институции кои се задолжение за функционирање и развивање на системот за јавни набавки во Република Хрватска.

 

Посетата беше остварена со целосна поддршка од страна на партнерот во проектот „SIGMA“ (Support for Improvement in Governance and Management, A joint initiative of the OECD and the Europеan Union), на 29 и 30 октомври 2009 година. 

Целта на постата беше запознавање, размена на искуства и пронаоѓање натамошни начини за меѓусебна соработка на Македонските и Хрватските институции кои се надлежни за функционирање на системот на јавни набавки, а особено на институциите задолжени за правна заштита во јавните набавки.

Првиот ден на посетата 29 октомври беше посетен „Уредот (Канцеларијата) за јавни набавки на Р. Хрватска“ кој ги има истите надлежности како и Бирото за јавни набавки во Р. Македонија, каде беше презентиран системот на јавни набавки во Р. Хрватска, органите кои се грижат за негова примена, како и поставеноста, постигнувањата и плановите за идено дејствување на институцијата домаќин.

 

Истиот ден беше направена и посета на еден голем економскиот оператор од јавниот сектор на Р. Хрватска – „Хрватски пошти“, каде беше презентиран начинот на функционирање на системот на јавни набавки, организационата поставеност и искуствата гледани од агол на еден економскиот оператор.

Вториот ден на посетата 30 октомври беше резервиран за сродната институција на Државната комисија за жалби по јавни набавки на Република Македонија, која се бави со правна заштита во јавните набавки -  Државната комисија за контрола на постапките за јавни набавки од Република Хрватска.

 

Срдечно пречекани, колегите од Р. Хрватска несебично ги разменија своите досегашни искуства и остварувања на полето на правната заштита, како и бројните препреки и тешкотии кои им се појавувале на патот. Македонските претставници имаа можност одблизу да се запознаат со организацијата, начинот на работа и одлучување на Државната комисија за контрола на постапките за јавни набавки, како и да ги разменат своите искуства со колегите од Хрватската комисија. По завршувањето на посетата, беше договорено соработката да продолжи и понатаму на сите полиња, а Хрватските колеги беа поканети на возвратна посета на Државната комисија за жалби по јавни набавки на Република Македонија.