Округла маса за нерегуларностите во постапките за јавните набавки и заштитата на правата (7 и 8 Септември 2016 година, Белград)

На 7 и 8 Септември 2016 година, претставници на Државната комисија за жалби по јавни набавки учествуваа на Округла маса за нерегуларностите во постапките за јавните набавки и заштитата на правата во оваа област и на Работилницата со претставници на здружението на професионалци во јавните набавки. Овој настан беше организиран во рамките на „Twining light“ проект на Европската унија за „Јакнење на заштитата на правата во постапките за јавни набавки во Србија“ и на истиот беа поканети и учествуваа претставници од институциите надлежни за решавање на жалби односно заштита на правата во постапките за јавни набавки од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора како и високи претставници од други институции во Србија кои имаат свое место во системот за јавни набавки како што се:Управа за јавни набавки, Државна ревизорска институција, Агенција за борба против корупцијата и др.

 

Имајќи ги во предвид последните активности на Државната комисија за жалби по јавни набавки со останатите институции од државите од регионот, слободно може да се заклучи дека соработката помеѓу истите е на високо ниво и истата како и размената на искуствата се неопходни за унапредување на целокупниот систем за јавни набавки.