Тркалезна маса: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи“

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 6ти декември, 2016 година во Хотел „Сити Парк“ Скопје одржа Тркалезна маса на тема: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи“.

 

На обуката беа присутни педесет претставници на договорните органи, кои имаа можност преку презентацијата на Државната комисија да се едуцираат, да земат учество во активната дискусија и да разменат искуства при спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавна набавка.

Практични работилници организирани од SIGMA

СИГМА (Support for Improvement in Governance and Menagement, A joint initiative of the OECD and the European Union, principality financed be the EU) организираше две практични работилници за членовите и стручната служба на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржани на 29 и 30 ноември, 2016 година на тема: „Критериуми за доделување на договорот различни од најниската цена“ и на 15 и 16 декември, 2016 година на тема: „Понуди со невообичаено ниска цена и Интерес за добивање на договорите“ и двете одржани во Хотел „Александар Палас“, Скопје.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 65-та Седница одржана на ден 13.12.2016 година, постапувајќи во согласност со член 202 став 6 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – прет

Регионална Конференција за телата за правна заштита на јавните набавки во земјите опфатени со процесот на проширување на ЕУ

Државната комисија за жалби по јавни набавки во соработка со СИГМА (Support for Improvement in Governance and Menagement, A joint initiative of the OECD and the European Union, principality financed be the EU) на 9 и 10 Јуни 2016 година организираше дводневна Регионална конференција за телата за правна заштита н

Pages