Почитувани посетители, Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Искрено се надеваме дека овде ќе ги пронајдете сите информации за спознавање на системот за правна заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство во Република Македонија.

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице кое работењето и одлучувањето ги има уредено со Деловник. Државната комисија е составена од претседател и четири членови - именувани од Собранието на Република Македонија кои функцијата ја извршуваат професионално за период од пет години. Државната комисија има и стручна служба во која вработените имаат статус на административен државен службеник.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 28 -та Седница одржана на ден 13.06.2018 година, постапувајќи во согласност со член 202 став 6 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

Тркалезни маси

1.jpg

Членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки на 15ти декември и 19ти Декември 2017 година во Хотел „Сити Парк“ Скопје одржаа две тркалезни маси на тема: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи од донесувањето на одлуката за јавна набавка до склучувањето на договорот“ и  „Повреди кои што ги прават економските оператори при учество во постапките за доделување на договори за јавни набавки (констатирани од страна на ДКЖЈН)“.

Pages